Видео

Зошто е функционалното знаење важно и како да им го овозможиме на нашите деца??

Како се развива мозокот? Како да им го овозможиме тоа на нашите деца прво како родители а потоа и како наставници.Која е врската помеѓу развојот на мозокот кај малите деца и нивната потреба да се вртат во круг се додека не им се сврти во главата? И кои игри го забрзуваат а кои го забавуваат развојот на децата а за тоа не сме ни свесни? Важноста на часовите по физичко, ликовно и музичко образование се сфаќа меѓу редови. Предавање на д-р Ранко Рајовиќ, директор на МЕНСА од Србија кое заслужува да се ислуша/изгледа од почеток до крај. Оној што ќе почне да го гледа сигурна сум дека нема да го исклучи на половина. Многу научни вистини кажани на разбирлив и интересен начин кој го задржува вниманието. Уживајте!

By Тања Метикош Posted in Видео