XtraMath

http://xtramath.org/

Xtramath е бесплатна програма која им овозможува на учениците да ги совладаат математичките операции: собирање, одземање, множење и делење, до степен на автоматизација, според своите индивидуални способности.

Програмата функционира (on line) на тој начин што прво се логира наставникот, потоа го формира својот клас (ги внесува имињата на своите ученици), за секој ученик добива код за логирање.

Наставникот ја избира математичката операција која ќе ја вежбаат учениците, за секој ученик поединечно, што овозможува секој ученик да работи според неговите потреби.

Секој ученик се логира со своето корисничко име и код за прв пат, секој следен пат кога ученикот се логира на компјутер на кој веќе еднаш работел, потребно е да го внесе само корисничкото име. На почетокот секој ученик добива задачи преку кои се дијагностицира неговото предзнаење. Врз основа на тоа добива задачи за вежбање. Во текот на вежбата доколку на ученикот му треба многу време да ја реши поставената задача, му се појавува точниот одговор, истото тоа се случува и доколку неточно ја реши поставената задача. Неточно решените задачи се повторуваат повеќе пати во текот на вежбата се додека ученикот не ја меморира. На крајот од вежбата се добива статистички преглед за успешноста . Црвен икс значи неточно решена задача, зелено штиклирано дека ученикот точно ја решил задачата но му требало повеќе од 3 секунди за размислување и жолто смајли значи дека ученикот точно и брзо ја решил задачата.

Наставникот има можност да следи кога и колку често се вклучува да вежба секој ученик ( затоа што учениците може да се логираат и вежбаат од својот домашен компјутер), каков е нивниот напредок (во проценти) за секоја вежба поединечно и вкупно, како и графички приказ за секоја изработена вежба од кој може наставникот да види кои задачи ученикот ги совладал и до кој степен. На крајот кога ученикот ќе ја совлада математичката операција 100%, добива диплома која наставникот може да ја отпечати и да му ја додели.

Постои можност во програмата да се вклучат и родителите.

Како помош во вашата работа на страната во делот Learn More се поставени видеа кои многу ќе ви ја олеснат работата.

За почеток ви препорачувам да се логирате како наставник и како ученик, на тој начин најдобро ќе ги запознаете можностите на програмата.

ВИ ПОСАКУВАМ СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА СО XTRAMATH

http://xtramath.org/

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s