ОПШТИ УПАТСТВА ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ТЕСТ ПРАШАЊА

Овој текст можете да го превземете како документ од страната „Професионален развој“

ОПШТИ УПАТСТВА ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ТЕСТ ПРАШАЊА

При составување на тест прашањата наставникот треба да се придржува кон следните упатства со цел да биде што поуспешен во изработувањето на тестот.

1. Придржувај се кон табелата на спецификација – на тој начин секоја цел ќе биде претставена со онолку прашања колку што се предвидени во шематскиот план.

2.Прилагоди ги прашањата (терминологијата и речникот) на нивото на способност и возраста на учениците.

3.Секое прашање да се однесува на важен аспект од наставната содржина а не на некој неважен детаљ.

4.Секое прашање да има јасно определен точен одговор да не се случи да се провлече прашање што има повеќе точни одговори а тоа да не се земе во предвид.

5. Формулирај ги прашањата така да бидат јасни и недвосмислени, што подразбира соодветен избор на зборови, што пократки реченици, избегнување на недоволно определени зборови на пр. неколку, многу, понекогаш итн.

6.Не позајмувај реченици од учебникот, затоа што кога се извадени од контекстот на лекцијата го губат своето значење или стануваат двосмислени, а и ги поттикнуваат учениците на просто меморирање.

7. Избегнувај трик- прашања , внесувањето на такви прашања немаат никакво оправдание затоа што со тестот се мери знаењето а не способноста за откривање прикриени грешки.

8. Избегнувај негативни прашања секогаш кога е можно, зошто во тој случај ученикот трба да го измени вообичаениот тек на своите мисли и тоа може да доведе до конфузија. Доколку има потреба од негација тогаш таа треба да биде нагласена-подвлечена или болдирана.

9.Прашањата да бидат независни т.е. одговорот од предходното прашање да не представува услов за одговарање на следното прашање.

10.Не укажувај на точниот одговор преку ирелевантни показатели- како што се должината на дистракторот. сместеноста на точните одговори или пак формулацијата на едно прашање да укажува на одговорот на друго прашање.

ТИПОВИ НА ПРАШАЊА

ТЕСТ ЗАДАЧИ ОД ОТВОРЕН ВИД

Прашања со дополнување– лесно се составуваат, погодни се за помлади ученици, но најчесто проверуваат фактографски знаења и способност за меморирање. При составувањето прашањето треба да упатува само на еден точен одговор, да се испуштат само клучните зборови, празнините да се на крајот од реченицата,да нема повеќе празнини, просторот да не укажува на одговорот.

Прашања со краток одговор – лесно се составуваат, погодни се за помлади ученици, но најчесто проверуваат фактографски знаења и способност за меморирање. При составувањето прашањето треба да упатува само на еден точен одговор.

Прашања со долг одговор – со овој тип на прашања се проверуваат продуктивни и креативни способности,има широк опсег на точни одговори, многу трба да се внимава на јасноста на прашањето да се предвиди што ќе се смета за точен одговор како и можните точни одговори, овие прашања се тешки за бодирање.При составувањето да се внимава на општите упатства.

ТЕСТ ЗАДАЧИ СО ПОВЕЌЕЧЛЕН ИЗБОР

Прашања со двочлен избор– економични се , лесно се составуваат, ги проверуваат сите наставни цели, но најподложни се на погодување.за да се одбегне тоа овие прашања се комбинираат со отворен тип на прашање при што се бара ученикот да го објасни својот избор.При составувањето на прашањето треба да се придржуваме на општите упатства за составување прашања.

Прашања со повеќечлен избор- не се економични просторно и временски , тешко се составуваат, подложни се на погодување но може да се користат за мерење на сите цели и оценувањето е лесно.Составувањето на прашањето се состои од неколку чекори:

– Составување на воведот – прашањето (да се води сметка за општите упатства)

– Составување на точниот одговор (да има само еден точен одговор)

– Составување на дистракторите ( да има најмалку три со што се намалува можноста за погодување, да бидат навистина неточни но да делуваат веродостојно на оние што не го знаат точниот одговор, да бидат приближно со иста должина, граматички и логички да произлегуваат од воведот, да бидат подредени по логички редослед а доколку го нема по азбучен ред.

Прашања со поврзување – временски се економични, способноста за пишување на ученикот не се оценува, погодни се за проверка на фактографско знаење , а варијантата со класификација може да проверува и разбирање и примена. При составувањето на задачата треба да се внимава да има јасно упаство како да се изврши поврзувањето, да се избегне еднаквиот број на премиси и алтернативи, да нема премногу премиси и алтернативи, формулациите да бидат кратки, алтернативите да бидат подредени логички или по азбучен ред.

СЛИКОВНИ ПРАШАЊА

Сликовните прашања не претставуваат посебен тип на прашања туку во веќе споменатите видови прашања се користат слики, графици, цртежи, табели со цел да се помогне во одговарањето на прашањето а понекогаш може сликата,графикот, табелата и др.да биде и носител на проблемот. Се користат само тогаш кога е најсоодветно и најефикасно средство за презентирање на проблемот. Кај малите за процена на оспособеноста за броење, мерење, разликување, кај поголемите работа со табели, карти, графици и др.

ПРИМЕРИ ЗА ТЕСТ ЗАДАЧИ

1 Што проверува задачата– репродукција- познавање

Цел– Знаат дека Скопје е главен град на РМ

Тип– Прашање со дополнување

Главен град на Република Македонија е __________________________.

Точен одговор– Скопје

Бодирање– 1 бод

2. Што проверува задачата– репродукција-познавање

Цел– Ги знаат државните симболи на РМ

Тип– Краток одговор

Наброј ги трите симболи на Република Македонија!

_________________________________________________________________________

Точен одговор– знаме, грб, химна

Бодирање– 1 бод, доколку барем еден симбол не е наведен ученикот добива 0 бодови.

3. Што проверува задачата– примена

Цел-Го применува знаењето за притоките на реката Вардар

Тип– повеќекратен избор

Ако се загади водата во реката Треска тоа претставува опасност и за:

а) Брегалница

б) Вардар

в) Пчиња

г) Црна Река

Точен одговор-Вардар

Бодирање– 1 бод

4. Што проверува задачата– разбирање(процена)

Цел– Ја согледува важноста за заштита на езерата во РМ

Тип– со двочлен избор

Во една населба покрај брегот на Охридското Езеро поважно е да се изгради:

а) центар за спорт и рекреација на населението и туристите

б) филтер за прочистување на отпадните води што се влеваат во езерото

Зошто мислиш така?

___________________________________________________________________________

___________________________________________________________________________

Точен одговор – Одговор што посочува на важноста на заштитата на езерото

Пр. Ако езерото е загадено нема да доаѓаат туристи.

Ако езерото се загади ќе умрат рибите. Итн.

Бодирање– 1бод ученикот добива само ако има релевантно објаснување.

 5. Што проверува задачата– примена ( проценува, доведува во врска , избира)

Цел: Да умее праведноста на поделбата да ја поврзе со потребата, способноста и заслугата

Тип- повеќечлен избор

Членовите на кошаркарскиот тим треба да изберат свој капитен. Заокружи кого би избрал ти !

а) највисокиот играч

б) најдобриот другар

в) најдобриот играч

г) најстариот играч

Точен одговор-под (В)

Бодирање– 1 бод

 6. Што проверува задачата– примена

Цел– Умее да чита и внесува податоци во графикон, користи симболи дадени во легенда.

Тип– Сликовно прашање

Користејки ги симболите од легендата внеси ги дадените податоци во графиконот. Определените точки поврзи ги со линија.

височина нa планината

изразено во м.

1200 –

1100 –

1000 –

900 –

800 –

700 –

600 –

500 –

400 –

300 –

200 –

100 –

_____________________________________________________________________

       0       1      2     3     4     5      6      7      8     9     10     11     12     13    14     15    16

оддалеченост од подножјето во км

Легенда:   село     планинарски       дом врв

Селото се наоѓа на 4 км оддалеченост од подножјето на 300 м надморска височина.

Планинарскиот дом се наоѓа на 9 км оддалеченост од подножјето на 900 м надморска височина.

Врвот се наоѓа на 11 км оддалеченост и на 1200 м надморска височина.

 Бодирање: Ученикот добива по еден бод за: правилна употреба на симболите од легендата, правилно внесување на истите – (за секој симбол по еден бод), за правилно поврзување на точките – вкупно максимален број на бодови 5.