Врска

 

Пијано на кое може да се свират композиции кои се прикажани со броеви (може и да се искористи на час по математика за повторување на броевите во прво одделение) а може да се свири и сопствена композиција. потоа композицијата може да се сними, преслуша и испрати.пијано

Барби свири на пијано

Advertisements
Врска

Што е потешко?

Треба со логично размислување да заклучиш која фигура има поголема маса и да кликнеш на неа. На почетокот е лесно но секое наредно ниво е се посложено. Интересна игра дури и за возрасните.

Дневна подготовка за ненасилно однесување

Часот може да се одржи во сите одделенија од одделенска настава, се разбира со мали измени во зависност од способностите на учениците. Овој час е направен за ученици од прво одделение.

MAKEDONSKI JAZIK – Nasilno i nenasilno odnesuvanje

Nastaven list – Nasilno i nenasilno odnesuvanje

Боенка – Македонска азбука

boenka-makedonska-azbuka

Оваа боенка е направена за примена во наставата во прво одделение. На секоја страна има 4 наставни ливчиња со буква и сликичка (поради заштеда на хартија) На секој час за усвојување на буква секој ученик го бои своето ливче. Наставникот ги собира боенките и прави мала книга со букви за секој ученик. Може да се користат и на часовите за повторување како „Јазичен семафор“ (наставникот кажува збор а учениците ја креваат буквата на која започнува зборот наместо усно да одговараат.) Може да се користат за составување зборови во групна работа или за игри кои сами ќе ги измислите.

Дневна подготовка

Рамноправност меѓу половите – ЗО

Сличности и разлики меѓу половите – наставен лист

Сличности и разлики меѓу половите – презентација

Решавање проблемски задачи – наставен лист

Problemski zadaci

При решавање на лавиринтот од бројки Авиончето треба да стаса до облачето, птицата до куќичката за птици, бебето до цуцлата а пеперутката до цветот.  Патот се определува така што постојано се следи низата 1,2,3,4.

Врска

Бесплатен online конвертер за медиумски датотеки

Конвертирајте аудио, видео, текст,слики, архиви и други медиумски датотеки бесплатно и без инсталација во Вашиот компјутер.

Линкот го препорача колешката Дуртаноска Наташа.

Броеви до 4 – повторување

Broevi do 4 tabela

Ученикот брои до 4, ги препознава броевите до 4, се воведува во табеларното представување.

Поставување линк во презентација

Почитувани колешки и колеги!

Забележав дека (од не знам која причина) некои линкови од моите презентации не функционираат на сите компјутери како што треба. Јас ги изработувам презентациите на наставничко компјутерче на кое сите линкови функционираат безпрекорно, но на ученичките компјутери забележав грешки. Ја изработив оваа презентација Postavuvanje link vo prezentacija во која е објаснета постапката за поставување  и менување линкови во презентација, како потсетување, со цел да им овозможам на сите колешки да ги поправат  грешните линкови во презентациите. Се извинувам на колешките доколку сум ги довела во непријатна ситуација поради неправилното функционирање на презентациите.

Поздрав, Тања Метикош

Postavuvanje link vo prezentacija