Боенка – Македонска азбука

boenka-makedonska-azbuka

Оваа боенка е направена за примена во наставата во прво одделение. На секоја страна има 4 наставни ливчиња со буква и сликичка (поради заштеда на хартија) На секој час за усвојување на буква секој ученик го бои своето ливче. Наставникот ги собира боенките и прави мала книга со букви за секој ученик. Може да се користат и на часовите за повторување како „Јазичен семафор“ (наставникот кажува збор а учениците ја креваат буквата на која започнува зборот наместо усно да одговараат.) Може да се користат за составување зборови во групна работа или за игри кои сами ќе ги измислите.