Авантурите на Дино

Dino’s Adventures

За родителите: „Авантурите на Дино“
„Авантурите на Дино“ е софтвер замислен и дизајниран како помошно научно-наставно средство за најмладата популација од претшколската и раната школска возраст. Вашето дете ќе биде вовлечено во светот на учењето со посредство на Дино, привлечен анимиран карактер кој што се фокусира на образовните потреби на Вашето дете. Како и Вашето дете, така и Дино е љубопитен, не е сезнајко и понекогаш му треба помош и поддршка од детето. Заедно со Дино, детето ги стекнува и развива основните познавања од областа на природата, општеството, животниот свет и екологијата. Детето и Дино стануваат партнери во патувањето и авантурите во свет, богат со визуелни креации, дијалози, графички анимации и аудио стимуланси со што се создава основата за взаемно разбирање и комуникација меѓу нив.
„Авантурите на Дино“ концептуално е поделен на неколку дела. Во основниот дел Вашето дете се запознава со неговата околина: со животинскиот и морскиот свет, со елементарните правила и учесниците во сообраќајот, со основните елементи на домаќинството и семејството, со промената на природните времиња, дневните и сончеви циклуси. Наредниот дел има образовна тематика, и овде Вашето дете на
забавен и интерактивен начин ги запознава бројките и буквите. Следниот дел е креативниот дел, во кој што Вашето дете може да бои, или пак, интерактивно да се занимава со музика. Изборот на боите е направен во согласност со најновите светски педагошки текови, додека во музиката е опфатена основната октава заедно со одбрани музички инструменти.
Игрите што се застапени во „Авантурите на Дино“ се осмислени и развиени на начин, што ќе му овозможи на Вашето дете да учи во процесот на играњето и да развива определени моторички, компјутерски и интелектуални способности. Повеќе од тоа, во процесот на дружењето Дино го насочува Вашето дете, укажувајќи му ги грешките направени во текот на играњето. За сторените грешки се води евиденција за
поминатиот материјал, со што Вие како родител можете да го следите развитокот на детето и да го насочувате детето во вистинска насока. Притоа, треба да се нагласи дека сите резултати од игрите имаат претежно емпириски карактер затоа што процесот на оценување на резултатите подразбира земање предвид повеќе фактори што не можат да
се измерат на начин, каков што е искористен во „Авантурите на Дино“.
Играта „Веселата корпа“ или „Собери го отпадот“ е наменета за развивање и издигнување на еколошката свест на Вашето дете. Во играта, одозгора паѓаат предмети што играчот треба да ги собере во корпа за ѓубре за да го помине нивото. Корпата е анимирана и ги „голта“ предметите како што ќе ги собере. Се врши пресметување на бројот на грешките (промашени предмети), на бројот на погрешно собрани предмети што не им е место во корпата.
Во играта „Подморница“ или „Составување слика од неколку дела“ се развива апстрактното мислење и визуелната меморија. Се следат погрешните преместувања на сликите.
Иста е и намената на играта „Составување прикаски од неколку дела“, со истиот принцип на следење.
Во играта „Расфрлани бројки“ или „Скриени ликови поврзани со бројки“ се испишуваат бројки, а со правилното кликање на нивниот редослед се оформуваанимирана фигура. Целта на играта е повторување на бројките и создавање визуелни асоцијации за броевите.
Играта „Нахрани ги животните“ кај детето развива позитивен став за животните и има претежно забавен карактер. Играта е интегрално поврзана со темата за домашните животни.
Играта „Вовчето на Дино“ или „Логички низи и прогресии“ го развива логичкотомислење на детето. Се следат погрешните кликови.
Играта „Прозорците“ или „Меморија“ ја развива меморијата на Вашето дете. Се следат неуспешните обиди.
Играта „Летаме со балон“ му овозможува на Вашето дете поблиску да се запознае со буквите, нивниот распоред во зборовите и правилното пишување на истите. Играта ги развива лингвистичките и говорните способности на Вашето дете. Во играта се следат погрешните влечења на буквите.
По успешното завршување на сите игри следува наградната супер-игра, по што Вашето дете ќе може да си отпечати диплома за успешен завршеток на овој дел од „Авантурите на Дино“.