Права и должности

Секое право носи и некаква должност!

PRAVA I DOZNOSTI 2

Advertisements

На буква на буква – од А до Ќ

Наставен лист за повторување на изучените букви  од А до Ќ во I одд.

Na bukva na bukva od A do K

Видео

Еколошко видео – Ози Озон

Видео за заштита на озонската обвивка, разбирливо за учениците  од помала возраст. Синхронизирано на српски јазик.

AРИТМЕТИЧКА ВЕЖБАНКА

Симулација која ќе го олесни совладувањето на множењето и делењето.

http://phet.colorado.edu/sims/arithmetic/arithmetic_mk.html

Математика за основну школу

,,Ova stranica je pokušaj da se objedini na jednom mestu rad učitelja i nastavnika koji gradivo matematike za osnovnu školu objavljuju na svojim blogovima.,,

На оваа станица се најде и мојот блог.

http://anicatr.weebly.com/makedonija7.html

I – IV

Oд I – IV е страница во која ќе најдете мноооогу учебници, наставни листови, задачи по математика но и по други предмети. Покрај тоа има и натписи поврзани со оценувањето. Истражувајте!

http://www.scoop.it/t/skola-svasta?page=2

Цветни растенија

Презентација  „Цветни растенија“  Cvetni rastenija

Наставен лист „Цветни растенија„  Cvekinja – nastaven list

Hot Potatoes – Жешки компири

Hot Potatoes – Жешки компири е пакет со 6 апликации кои овозможуваат да креирате интерактивни задачи со: повеќекратен избор, испревртена реченица, крстозбор и др. Пакетот е бесплатен и можете да го превземете и инсталирате на Вашиот компјутер од овој линк

http://hotpot.uvic.ca/index.php#downloads

Напомена: Пакетот не успеав да го инсталирам во Linux но успеав во Windows, за среќа изработките функционираат во Linux што значи може да функционираат на наставничко компјутерче а на ученичките уште не е проверено.

Крстозборот изработен со оваа апликација ќе биде објавен во ФБ групите за одделенска настава.

 

 

Комуницирајте со учителите на вашето дете

Share

Сте се запрашале некогаш колку е важен вашиот однос со учителот на вашето дете за неговото успешно школување? За да полесно минувате низ школските маки, еве што би сакале учителите сите родители да знаат.

1. Не мора се‘ да биде совршено

Учителите порачуваат дека постои голема шанса родителите да стекнат впечаток дека тие не ја вршат работата на начин на кој очекувале. Можеби нема да им се допаднат некои правила, на пример количината домашни задачи. А ако не е тоа проблем, може да ги мачат некои други работи како бучните момчиња во одделението поради кои нивната мирна и повлечена ќерка не се чувствува пријатно. Сите родители се грижат поради една мала работа и очекуваат дека школската година ќе донесе многу проблеми, а поради тоа сакаат веднаш да се поправи се‘. Но, понекогаш децата мораат сами да ги решаваат своите проблеми и учителите ќе ги стават пред нови предизвици, а тогаш ќе се чувствуваат непријатно. Тоа сигурно ќе доведе до збрка во нивните мали животи, но истовремено ќе ги научи како да се соочат со проблемот и да го решат. Во вистинскиот свет тоа се секојдневни ситуации па детето некогаш и самото ќе заклучи што треба да прави или ќе му се обрати на учителот. Малите животни училишта секој ги минува на свој начин и треба да му дозволите на учителот да се снаоѓа со тоа во школо, а вие за тоа сте задолжени дома.


2. А кога е потребна ваша помош?

Можеби звучи контратидкторно, но во некои случаи учителите ќе побараат помош од родителите. Дури и најискусните учители зад кои имаат години и години работа со деца, понекогаш нема да бидат сигурни во што е проблемот, па ќе ве повикаат на разговор. Децата често кријат информации од родителите и учителите во разни ситуации па можно е во школо едно да се случува, а родителите за тоа не знаат ништо или имаат сосема друга слика. Ако на пример забележите дека вашето дете дома се однесува поинаку, а ништо не се сменило, можеби причината е во школото и секако треба да го упатите учителот во тоа. Можеби се работи само за тоа дека детето тешко ги совладува обврските, па му треба помош и поинаков распоред, а не сака да го каже тоа бидејќи се срами.

3. Сите грешат

Кога вашето дете во нешто ќе погреши, задржете ја желбата да го заштитите од последиците кои мора да ги сноси и немојте тоа да го барате од учителот. Децата се деца и малите грешки, несакани зборови или однесување се дел од секое растење. Но, кога тоа ќе се случи мораат да сносат последици за да научат животна лекција и следниот пат попаметно да ја проценат ситуацијата. Ако секогаш го браните детето пред да ја чуете другата страна, му правите огромна услуга.
4. На кој начин го фалите своето дете?

Родителите грешат кога им зборуваат на децата дека се паметни мали глави, бидејќи тогаш мислат дека нема задача која не можат точно веднаш да ја решат и престануваат да се трудат. Уште поголем проблем е кога ќе дојдат до ѕид и доживеат неуспех, па не им е јасно како тоа се случило. Учителката и едукаторка Керол Двек за „Хавингтон пост“ истакнува дека секогаш е подобро да се пофали детето за трудот кој го вложува во одредени задачи и да се нагласи дека поради тоа има добар успех во школо.

5. Проблеми со учителите

Ако имате проблем со учителите, тоа кажете им го на нив, не на детето. Учителите како сите останати, прават грешки за кои не се свесни. Поради тоа треба да им кажете ако детето е незадоволно од нешто и дирекно со нив да го решите проблемот. Во идеални услови детето може да го советувате само да разговара со учителот и да проба да го реши проблемот, но ако повторно се пожали, задачата останува на вас. Детето можеби во страв и непријатност пред поинаков вид авторитет нема да знае јасно да каже што го мачи, па ќе е потребна ваша интервенција.

ВЕЛИГДЕНСКА БОЕНКА

VELIGDENSKA BOENKA   ВО PDF

VELIGDENSKA BOENKA  ВО  WORD

 

Во двата документи се наоѓа истата боенка, ја поставив во PDF затоа што сликите се изместуваат бидејки документот е работен во Open office, а во  WORD затоа што можеби некоја колешка ќе сака да ја промени големината на сликите во боенката.

ОВОШЈЕ – ОПИШУВАЊЕ (ТЕХНИКА – БИНГО)

Дневна подготовка – Овошје – опис

MAKEDONSKI JAZIK -Opis na ovosje – BINGO

Презентација – Како се игра БИНГО

BINGO

Ливчиња за играта Бинго – Овошје

BINGO -OVOSHJE

Многу илустрирани активности за интегриран работен ден на тема вода. Погодно за II одделение.

MALA_KNJIGA_O_VODI

Игри – сложувалки, од точка до точка, боенки, цртеж

http://www.coloring4all.com/kids_puzzles.htm

http://www.coloring4all.com/dot_to_dot.htm

http://www.coloring4all.com/

http://www.coloring4all.com/drawing_game_online.htm