Настава за да се научи – водич за наставници

Учењето ги засега сите и секого; сите минуваме низ времиња на интензивно учење.
Традиционално, учењето го поврзуваме со училиштето, т.е. со нашиот прв контакт со еден
свесен, интензивен и несаморешавачки начин на учење. В училиште не сме учеле секогаш
затоа што сме сакале да учиме, затоа што сме биле љубопитни да откриеме нешто повеќе
или затоа што сме имале потреба да ја развиеме таа нова вештина која од нас ќе направи
бр. 1 на игралиштето. Во училиште моравме да го научиме она што наставникот го бараше
од нас и она што од наставникот се барало или за што бил обучен од страна на своите над-
редени или неговите едукатори. Неретко, учењето стануваше апстрактно. Нашето учење
одеднаш престана да биде поттикнувано од барањата на реалниот живот и сè почесто не
успевавме да разбереме што ќе правиме со стекнатото знаење и зошто треба да учиме
нешто без да знаеме за што ќе ни служи. Од нашите наставници зависеше колку ќе успеат
да ја направат видлива таа витална врска и да го одржат нашиот природен ентузијазам за
учење, истражување, инвенција и испробување на непознатото. Некои од нив беа многу
успешни, други помалку; ние можеме да се сетиме и на едните и на другите.

teaching_for_learning_mac

Advertisements
Врска

http://igrica.com.hr/