Долгорочно и среднорочно планирање по математика и природни науки според Кембриџ програмите за II одд.

 

Еве ги и нашите (Актив на второ одделение при ОУ„Дане Крапчев“- Скопје) планирања по математика и природни науки за второ одделение. Планирањето по природни науки го превземавме од колешката  Билјана Илиоска од ООУ„ Рампо Левката“ од Прилеп затоа што сметаме дека е квалитетно направено и според упатството за планирање. Во оваа прилика јас и моите колешки од активот јавно и се заблагодаруваме. За планирањето по математика се изнамачивме доста, потрошивме денови и денови. Во планирањето во првото тримесечје се предвидени сите оние цели кои се потребни како предзнаење за да може да се почне со реализирањето на целите од второ одделение. Во останатите три тримесечја треба да се реализираат целите од второ одделение. За да ги постигнеме сите од секоја недела скративме по еден час и планираме целите што се предвидени за една недела да ги реализираме за 4 наместо за 5 наставни часови. Колку е квалитетно ова планирање ќе видиме кога ќе почнеме да го реализираме.

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO MATEMATIKA II odd

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO PRIRODNI NAUKI II odd