Следење по ученик за интерно

Јас минатата година го користев овој инструмент. Го пополнив на тој начин што, кога објавија по кој предмет ќе ме оценуваат интерно,  од досието на учениците  ги извадив тие изработки ги внесов компјутерски датумите кога се изработени и исходите кои сум ги следела, потоа за секој ученик испечатив по еден примерок и знаците ги внесов рачно според моето следење што го водам на ниво на одделение. Листите заедно со изработките на учениците ги ставив во фолија и готово 🙂 На овој начин приложувам инструмент со 10 следења и 10 докази (изработки) според барањата во правилникот. Едноставно и лесно.  Доколку ви се допаѓа повелете!

Sledenje po ucenik za interno 

Еве и пополнет пример од минатата година

sledenje-po-ucenik-2

Advertisements

Да ја заштитиме планетата Земја – боенки

Денот на планетата помина но сеуште ја работиме темата за заштита на околината, па овие боенки може да се искористат.

17 18 19 20 21 23 24 43 62 72 82 93 103 115 122 164 218 316

ФУННКЦИОНАЛНО ЗНАЕЊЕ

Како се развива мозокот? Како да им го овозможиме тоа на нашите деца прво како родители а потоа и како наставници.Која е врската помеѓу развојот на мозокот кај малите деца и нивната потреба да се вртат во круг се додека не им се сврти во главата? И кои игри го забрзуваат а кои го забавуваат развојот на децата а за тоа не сме ни свесни? Важноста на часовите по физичко, ликовно и музичко образование се сфаќа меѓу редови. Предавање на д-р Ранко Рајовиќ, директор на МЕНСА од Србија кое заслужува да се ислуша/изгледа од почеток до крај. Оној што ќе почне да го гледа сигурна сум дека нема да го исклучи на половина. Многу научни вистини кажани на разбирлив и интересен начин кој го задржува вниманието. Уживајте!

Наставен лист – Пишување реченици

Може да се искористи за печатни но и за ракописни букви, јас го направив за пишување со ракописни букви како диференцирана активност на час за диктат, за учениците кои не умеат да пишуваат по диктат.

Pishuvanje recenici so rakopisni bukvi  pdf

Pishuva rechenici so rakopisni bukvi doc

СКАЛИ НА ПРОЦЕНКА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Од мојата секојдневна работа  и потребата од следење и бележење на постигањата на учениците при усното и писменото изразување дојдов до заклучок дека чек листите не се погодни за бележење на овие постигања на учениците. Затоа изработив скали на проценка. Скалата на проценка ги содржи индикаторите и место за запишување дата и содржина за која е проверен ученикот. Во празните полиња  се запишуваат имињата на учениците кои се проверени за соодветната содржина. Индикаторите ги изработив според анегдотските белешки што сум ги пишувала за моите ученици. Секој наставник може да си ги измени и прилагоди.

SKALI NA PROCENKA ZA MAKEDONSKI

ИЗБРАНИ ПОГЛАВЈА ОД МАТЕМАТИКА ПРЕДВИДЕНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА СО РЕФОРМИРАНИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ (СПОРЕД CAMBRIDGE) ВО IV И V ОДДЕЛЕНИЕ