Day: 05/04/2015
Наставен лист – Пишување реченици
Може да се искористи за печатни но и за ракописни букви, јас го направив за пишување со ракописни букви како диференцирана активност на час за диктат, за учениците кои не умеат да пишуваат по диктат.
СКАЛИ НА ПРОЦЕНКА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Од мојата секојдневна работа и потребата од следење и бележење на постигањата на учениците при усното и писменото изразување дојдов до заклучок дека чек листите не се погодни за бележење на овие постигања на учениците. Затоа изработив скали на проценка. Скалата на проценка ги содржи индикаторите и место за запишување дата и содржина за која е проверен ученикот. Во празните полиња се запишуваат имињата на учениците кои се проверени за соодветната содржина. Индикаторите ги изработив според анегдотските белешки што сум ги пишувала за моите ученици. Секој наставник може да си ги измени и прилагоди.