Емоции за оценување (семафор)

Emocii za ocenuvanje

Емоциите се печатат на хартија во боја. Секој ученик добива три емоции кои постојано ги чува во својот прибор. Со користење на емоциите се постигнуваат повеќе цели:

– зголемување на вниманието и мотивираноста,

– развивање способност за оценување и самооценување според дадени критериуми,

–  искажување на своето мислење и поткрепување на истото со факти 

Емоциите може да се користат на сите часови, во секој дел од часот: кога треба да ја следат и оценат презентацијата на другарчето ( на пр. читање, рецитирање, раскажување, усни одговори, решавање задача итн), кога треба да се самооценат, кога треба да го искажат степенот на задоволство од определена активност, кога треба да покажат колку научиле на часот, кога се донесува некаква одлука во одделението итн.