Срамота!

Денес кога се разбудив ме пречека еден убав, сончев, декемвриски ден во Скопје без магла. Но кога го отворив компјутерот денот стана темен, мрачен како најдлабока дупка во душата.

Изминатите два дена бев на семинар за Инклузија на деца со посебни потреби. Ние учесниците на семинарот се вклучивме во кампањата на UNICEF #ЗаПравиченСвет, која е наменета за подигање на свеста кај луѓето во однос на правата на децата со попреченост и фер однос кон нив. И како силен поддржувач на оваа кампања сакав да дадам и свој придонес, ја споделив заложбата на мојот блог, ја споделив во сите групи во кои членувам и во кои се членови мои колешки, колеги и родители, очекував силна поддршка …. но мрак….

Утрово кога сакав да видам дека луѓето кои се во постојан контакт со децата, луѓето кои велат дека ги разбираат децата подобро и од нивните родители, останаа неми. Замислете дури ги немаше ни вообичаените лајкови на ФБ, не можеле да се натераат себеси да направат ни еден обичен клик па макар само поради форма, макар само поради тоа да се направат хумани пред другите.

Длабоко сум разочарана поради тоа што луѓето ја вртат главата и не сакаат да се соочат со луѓето и децата со попреченост, не сакаат да се соочат со вистината дека тие се тука меѓу нас, тие се нашите роднини, пријатели, комшии, ученици а ние треба да им подадеме рака. Не! …. Многу е попријатно да живееме во нашиот „совршен“ свет и да се преправаме дека не постојат, да оставиме со нив и нивните потреби да се справуваат нивните најблиски и државата.

Какви ситни души сме ние? Какви лицемери? Какво отсуство на емпатија?

Можеби ќе се покајам што го напишав ова, поради мојот тон, поради тоа што можеби некого неправедно ќе  навредам, поради тоа што сите ги ставам во ист кош…. но моето разочарување е преголемо. Додека го пишувам ова не знам кое чуство е посилно …..  разочарување, тага,  бес, немоќ нешто да променам… Но јас моето го кажав а Вас ве оставам со Вашата совест ….

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s