Се сеќавате на иницијативата апликацијата GCompris да биде поставена од rollApp да може да се игра онлајн? Е па УСПЕАВМЕ! Од денес тоа е можно! Одете на линкот логирајте се преку вашиот ФБ профил и уживајте во игрите онлајн. Што е најдобро игрите ќе можете да ги користите во наставата по предметот Работа со компјутери и програмирање без да ја инсталирате на компјутерите а и учениците ќе можат да ја играат дома!
Е со успехот на оваа иницијатива навистина чуствувам дека сум дала свој придонес во нашето образование. Малку нескромно ама така е!