GCompris – пакет за инсталација

Долго време се обидував да го објавам пакетот за инсталација на GCompris и на крај најдов начин (се надевам)  Предноста на пакетот е во тоа што игрите се на македонски јазик и може да се играат игрите без интернет. Повеќето од Вас го добија овој пакет на обуките и верувам дека го инсталиравте тогаш, но исто така и верувам дека и ги форматиравте малите лаптопи. Како и да е оној што има потреба може пакетот да го превземе од овој линк

https://drive.google.com/folderview?id=0B1dgPoiEqgWQSDluZWZoem1LQ0k&usp=sharing

Би замолила некоја колешка да ме извести дали може да се превзема пакетот од линкот. Благодарам!

Извршив некои измени во линкот се надевам дека сега ќе можете да го превземате. Нова сум во Google Drive па уште учам. Очекувам повторно известување од Вас, дали е сега во ред.

Во Новата Година

a199ee62cc202a012c59dedbd6e50125 И еве не повторно! Годината е нова а ние сме старите. Си посакуваме убави желби, посакуваме да ни се промени животот…. секако на подобро. Очекуваме да се случи некое чудо и се да биде поинаку. Но чудата не се случуваат сами од себе. Потребна е некаква акција за да се случи реакција. Дали си направивме рефлексија на изминатата година? Дали се договоривме самите со себе што ќе промениме (во себе) за животот да ни се подобри? Не? Е па тогаш е време тоа да го направиме!

Ако сакаме да сме среќни, тогаш треба среќата да ја наоѓаме во малите работи. Ако сакаме да сме здрави, треба да внимаваме повеќе на себе. Ако сакаме да имаме љубов треба љубов да даваме. Ако сакаме слога треба да сме трпеливи и толерантни. Ако сакаме подобар живот треба повеќе да се трудиме. Ако сакаме промени треба да го направиме првиот чекор – да се промениме самите.

Затоа Ви посакувам во Новата Година да бидете и Вие НОВИ!