РК – Програмирање и програмски јазик

Содржината на подготовката е превземена од прирачникот „Програмирање“ Во прилог го објавувам и прирачникот кој се однесува за наставниците кои предаваат во предметна настава но сметам дека и нам ќе ни биде од голема корист во работата.

12.05.2016 RAB SO KOM Programiranje i programski jazici

programiranje – prirachnik

(НЕ)КОЛЕГИЈАЛНОСТ

Драги колешки и колеги се чуствувам непријатно но воедно и навредено  додека ја пишувам оваа објава. Непријатно поради тоа што се однесува на наша колешка наставник Дијана Стевковска – наставник по одделенска настава во ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје.  Колешката Дијана во ФБ групата „Трето одд. – Интерактивно учење“ https://www.facebook.com/groups/1602474879984077/permalink/1758119767752920/  објавила подготовка за час по предметот Работа со компјутери и основи на програмирање, во која речиси во целост го превземала текстот од моите подготовки кои редовно ги објавувам на блогот „Изворче“ и ја објавила под свое име без да го наведе изворот. Класична кражба!

                Можеби не верувате! Доказите се евидентни, во прилог ги доставувам  моите подготовки (од кои колешката се послужила) и нејзината подготовка. Проценете сами! И Ве молам да го искажете своето мислење во коментар, можеби навистина грешам.

Некој ќе рече дека она што го објавувам е отворен ресурс, секој може да го превземе, секој може да го измени и прилагоди на своите потреби. Да, тоа е точно но јас објавувам затоа што сакам да им помогнам на моите колешки во работата, јас објавувам затоа што сакам  повеќе деца да имаат пристап до квалитетни ресурси, но не објавувам за некој да се кити со туѓи пердуви.

                Добронамерно  ѝ се обратив на колешката и ѝ укажав на направениот пропуст и да ме спомене како извор, но таа инсистира на тоа дека во целост ја напишала сама.

                Жално е кога човек е толку мал да не може да ја признае сопствената грешка.

                                                                                                                           Тања Метикош

07.04.2016 RK Zapoznavanje so igrata DigitMile obr – Тања

21.04.2016 RK Sovladuvanje na osnovnite koncepti preku igra DigitMile obr – Тања

RK Maj prva – Дијана