(НЕ)КОЛЕГИЈАЛНОСТ

Драги колешки и колеги се чуствувам непријатно но воедно и навредено  додека ја пишувам оваа објава. Непријатно поради тоа што се однесува на наша колешка наставник Дијана Стевковска – наставник по одделенска настава во ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје.  Колешката Дијана во ФБ групата „Трето одд. – Интерактивно учење“ https://www.facebook.com/groups/1602474879984077/permalink/1758119767752920/  објавила подготовка за час по предметот Работа со компјутери и основи на програмирање, во која речиси во целост го превземала текстот од моите подготовки кои редовно ги објавувам на блогот „Изворче“ и ја објавила под свое име без да го наведе изворот. Класична кражба!

                Можеби не верувате! Доказите се евидентни, во прилог ги доставувам  моите подготовки (од кои колешката се послужила) и нејзината подготовка. Проценете сами! И Ве молам да го искажете своето мислење во коментар, можеби навистина грешам.

Некој ќе рече дека она што го објавувам е отворен ресурс, секој може да го превземе, секој може да го измени и прилагоди на своите потреби. Да, тоа е точно но јас објавувам затоа што сакам да им помогнам на моите колешки во работата, јас објавувам затоа што сакам  повеќе деца да имаат пристап до квалитетни ресурси, но не објавувам за некој да се кити со туѓи пердуви.

                Добронамерно  ѝ се обратив на колешката и ѝ укажав на направениот пропуст и да ме спомене како извор, но таа инсистира на тоа дека во целост ја напишала сама.

                Жално е кога човек е толку мал да не може да ја признае сопствената грешка.

                                                                                                                           Тања Метикош

07.04.2016 RK Zapoznavanje so igrata DigitMile obr – Тања

21.04.2016 RK Sovladuvanje na osnovnite koncepti preku igra DigitMile obr – Тања

RK Maj prva – Дијана

14 thoughts on “(НЕ)КОЛЕГИЈАЛНОСТ

    1. Љубите, не измерно давајте, но за возврат не очекувајте или не барајте возврат.-Мајка Тереза. Не барајте и не очекувајте ништо ,бидете среќни што помагате , верувајте дека има многу луѓе што знаат и ве ценат намате ништо поскапо ( затворете си го тоа во вашата соба).

      Liked by 1 person

    2. Да Тина имам што да правам, имам прекрасно семејство, сопруг и две воспитани и успешни деца. Имам родители и сестри кои често ги посетувам.Имам прекрасни пријателки со кои го минувам слободното време, со кои седиме на кафиња, одиме на кино, театар и со кои оговараме. Имам викендица на планина и апартман на Охридско езеро и таму ги поминувам викендите со моите најсакани и моите пријатели. Но си ја сакам работата, ја работам затоа што ја сакам а не за плата, иако сум возрасна сакам уште да учам и да напредувам, сакам да сум квалитетен наставник. А сега Тина кажи ми ти, имам ли што да правам во животот?

      Ми се допаѓа

  1. Тања, ние сите добро ја познаваме твојата работа, секојдневно сме на твојот блог, поради нашата работа и еднаш истакнав дека ти даде голем придонес за унапредувањето на основното образование- одделенска настава, Немаш зошто да се вознемируваш ! Ја имаш нашата поддршка! А секогаш постои некој кој ќе не изнервира.

    Liked by 1 person

  2. Почитувана Тања!
    На малиот човек својствено му е да зема, но знај дека си оригиналот колку и да ти зимаат секогаш си пред нив за многу нешта. Биди горда, те подржувам зошто и јас минував низ некои сличности. Со почит кон тебе.

    Liked by 1 person

  3. Твојата колегијалност ни е добро позната на сите нас , со тоа што несебично споделуваш , ни помагаш и ни ја олеснуваш работата. Оној што не умее да сподели, помогне и даде тој умее само да се служи со туѓото и да го присвои како свое. Поздрав

    Liked by 1 person

  4. Не ја споредував подготовката на Тања и на Дијана, не сакам да бидам судија во случајов. Сакам генерално да кажам за важноста на споделувањето на ресурсите, од една страна и плагијаторството, од друга страна.
    Голем сум поборник на споделувањето на она што добрите и креативнитр наставници го прават. Така секој може нешто да даде и нешто да добие од други, се за да си ја олесните работата, да ја направите поинтересна за вас и за учениците и тие повеќе да научат. Секоја почит за Тања и за другите колешки што несебично го споделуваат своето знаење, искуство, материјали…
    Преземањето на планирања, работни материјали, инструменти што други ги изработиле подобро од нас е добро и корисно. И тоа е дозволено. Објавувањето под свое име на туѓ труд, дури и кога се незначително изменет е плагијат. Мора да се наведе дека некој друг тоа го изработил. Добар е и оној наставник што умее да избере најдобри начини, материјали за реализацијата на наставата, не мора се сам да направи. Меѓутоа, почитувањето на туѓиот авторски труд не е само морална туку е и професионална, а во многу случаи и законска обврска. За жал во Македонија не градиме таква култура. А наставниците се првите што треба да ги учат учениците за правилата на користењето на туѓи материјали, за подоцна да не се чудиме од каде ни се препишани матурски и дипломски работи.
    Знам многу добри наставнички кои заради слични случки како оваа што е повод за реакцијава решија да не ги споделуваат своите материјали. Така сите губиме. Знам и дека Тања нема да престане да го полни “Изворче“ со она што може и на други да им користи.

    Liked by 1 person

  5. Почитувана Тања!
    Не ги споредував материјалите, верувам на вашите.
    Убаво кажано, Ве цитирам: ,,Жално е кога човек е толку мал да не може да ја признае сопствената грешка,,.Постојат и вакви луѓе, за жал.
    Но постојат и луѓе како Вас, се восхитувам на Вашето несебично споделување на сопствениот труд, кој им користи на многу наставници, на способноста сето тоа да го направите. Продолжете така, нека не ве разочара сето ова, имате подршка од многу наставници.
    Со почит, Гордана

    Liked by 1 person

  6. За жал, многу наставници кои со своего однесување треба да бидат пример за учениците прават работи од кои треба да се срамат како што е претставување на туѓиот труд како сопствен. Не е ни прв ни последен пат ова да се случува не само на интернет туку и на работа е така. Тоа се колешки или колеги кои многу ги бива за зборување, а за работа секогаш се китат со туѓи перја. Јас си продолжувам да работам како секогаш и не им обрнувам внимание. И тебе почитувана Тања ти препорачувам да продолжииш со тоа што го правиш за сите нас наставниците но и за родитеѓите и учениците бидејќи ние ја цениме и почитуваме твојата работа и твојот труд.

    Liked by 1 person

  7. Драга Тања,
    Само без нервоза, знај дека има толку многу родители кои го подржуваат ИЗВОРЧЕ. Мене лично како родител многу ми помага и секојдневно ја отварам страницата за да видам што има ново. Страницата е помош и за нас родителите и за твоите колеги.Воопшто не се сомневам во твојата изјава
    Поздрав до тебе.

    Liked by 1 person

  8. Читам и се срамам! Плагијати, препишување, присвојување…..Ние сите воспитуваме и образуваме деца, а се служиме со вакви и слични работи. СРАМОТА! Каде бевте сите вие кога наши колешки со туѓи трудови објавија прирачници за современи техники ….. и ги продаваа по луди цени? Каде бевте кога се случи објавување на дел од прирачник по физичко од „друг“ препишувач, а авторите живи, здрави и никаде не спомнати? И ред други работи….
    Го разбирам револтот на колешката, но ова се решава на друг начин. Не по социјални мрежи!

    Ми се допаѓа

  9. Драга Тања!
    Желим да похвалим Ваш рад, блог је одличан, пуно идеја, веома занимљиво. Редовно пратим. Срамота је што има колега који се ките туђим перјем.Било би добро да наведу извор или идеју коју позајмљују.Потпуно Вас разумем!
    Леп и ведар поздрав!
    Учитељица Драгана

    Ми се допаѓа

Напишете коментар