Учествувајте во изработувањето на Стратегијата за образованието 2016- 2020 год!

Драги колешки и колеги!

МОН изработува Стратегија за образованието за наредниот период т.е.  за 2016 – 20120. Веќе е изработена првата работна верзија http://mon.gov.mk/images/PRVA-Rabotna-Verzija-na-Strategija-za-obrazovanie-MK.pdf .

Предлагам да ја прочитате, барем делот за основно образование  (стр. 29) и да се информирате што планира Министерството да подобрува во наредната „петолетка“.

Има и меил адреса strategija@mon.gov.mk на која можете да ги испраќате своите коментари, насоки и сугестии најдоцна до 12.09.2016 год. Еве Ви можност да ги искажете сите свои ставови и мислења. Доста со коментарите по ФБ кои си ги читаме само ние. Секој од нас треба да испрати барем еден меил во кој ќе искаже НЕ критика туку сугестија како нештото треба да се подобри. Не да кажеме што не сакаме, да кажеме што сакаме.

Јас го испратив мојот меил, еве ја неговата содржина

Почитувани!

Јас сум одделенски наставник при ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје и имам неколку предлози за подобрување на Стратегијата на образованието, во делот за основно образование, кои се надевам ќе ги земете во предвид.

Во однос на предизвиците:

– недостасуваат стандарди за излезните резултати за секое одделение поединечно а не само за циклус.

– Нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси воопшто во наставата а не само за наставата на другите јазици и предметна настава, изгледа како  за наставата на македонски јазик и одделенска настава има доволно а за останатите нема.

– Контролата на квалитетот на наставата не е соодветна, не може да се оцени квалитетот на наставникот само преку успехот на учениците и куповите планирања.

– Нема стратегија за професионален развој на наставниците, учеството во проекти не обезбедува континуиран развој на сите наставници.

Во однос на приоритетите:

– Приоритет 1 –

Особено да се обрне внимание на прилагоденоста на наставните планови и програми во однос на психофизичките способности на учениците кои зависат од нивна возраст. Учениците од одделенска настава се преоптеретени со часови, за останатите не сум компетентна но сигурно и таму има простор за размислување на оваа тема.

Сите програми треба да претрпат измени особено програмата за предметот Општество а треба и да се размисли за програмата по Македонски јазик поточно за изучувањето на „македонската латиница“ во трето одделение која не постои и не се користи нигде и уште им создава конфузија на учениците во однос на англиската латиница.

– Приоритет 3-

Подобрување на квалитетот на образованието може да се постигне и  преку специјализирање на одделенските наставници. Не може да се очекува од еден човек да биде совршен: јазичар, математичар, информатичар, музичар, ликовен уметник, тренер, природен научник итн. И да има знаења и способности за реализирање на програми од 5 одделенија. Наставниците треба да се специјализираат ако не за едно одделение тогаш барем за еден образовен циклус од три односно две години ( од I до III и од IVи V одд)

 Со почит

Тања Метикош

3 comments on “Учествувајте во изработувањето на Стратегијата за образованието 2016- 2020 год!

  1. Секоја чест за идејата за предлогот за активирање на наставниците со свои идеи до надлежните за подобрување на образованието, а со тоа и на нашата работа. Истото го мислам и го зборувам и јас- се е залудно кога разговараме меѓу нас за нашите проблеми се додека не го искажиме на вистинското место, добро е што еве има можност сега да кажиме за нашите маки. Посебно ми се допаѓа последното Ваше размислување (за кое е сум гласно говорник и веќе неколку пати им го имам соопштено во БРО така и во нашето министерство) секој од нас да си е специјализиран за едно одд слично како и лекарите завршуваат медицински факултет, но потоа се специјализираат за една област за мене има голема логика, навлегуваме длабоко во проблематиката.
    Искрено се надевам дека ке не има повеќе кои ќе напишеме за нашите маки односно ќе кажиме и ние идеи предлози и барем нешто ќе се прифати.

    Liked by 1 person

  2. Vo ruralnite sredini kade şto ima nad 20 deca nastavnikot gi vodi site od 1-5 odd odgovorete mi kako e ova mozno i dali e zakonski barame od nadleznite vo novata 2016/17 uçebna godina vednaş da prevzemat neşt.İsto taka sakam da naglasam deka vo ruralnite sredini nema internet a nekoj se falat kompjuter za sekoe dete neli e ova mnogu smeşno…!!!

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s