Се тресеше гората, се роди глувче!

Новиот предлог закон за основно образование е глувчето. Сите оние што се надеваа на ПРОМЕНИ, сите оние што се надеваа на нов систем, ќе останат со подзинати усти. Мене вилицата ми падна до колена.

Што се случи? Промените се најавуваа на големо. Сите засегнати се врвчеа на средби со Министерката, се укажуваше на бројни недостатоци и недоследности, се даваа предлози за подобрување, се држеа по училиштата состаноци на стручни активи, се испраќаа укажувања до Министерството, се формираа тимови од стручњаци и експерти од професори до учители кои се состануваа и нешто работеа ( за работата сигурно беа и добро платени) и на крај НИШТО едно гоооолемо НИШТО!

Го прочитав предлог законот, од почеток до крај, од првиот до двестотиот член, од промена ни трага ни глас. Законот е комплетно ист.

Направена е само незначителна шминка. Мислев дека на прес конференцијата ги истакнуваат само оние промени кои се популарни, а останатите, суштинските, ќе ги воочам кога ќе го прочитам законот. И го прочитав. Првата помисла по читањето ми беше „ Се тресеше гората, се роди глувче!“

Навистина намален е фондот на часови каде повеќе каде помалку. Во I одделение се намалуваат за 5 часа седмично, ама во VIII и IX одделение само за 3 часа, така да сега учениците наместо да имаат 33 часа седмично ќе имале 30 и плус тука не влегуваат часовите за додатна и дополнителна настава.

Нема промена во организацијата, одделенските наставници и понатаму ќе треба да бидат стручни за сите предмети од Физичко и здраствено образование па до Работа со компјутери и програмирање и тоа за пет одделенија. Значи треба да реализираме програми и да имаме стручни познавања  и за музика и за ликовна уметност, да бидеме и јазичари и математичари и истражувачи на природните науки па дури и програмери. Очекуваме квалитет?!

Нема промена во оценувањето и покрај укажувањата дека описното оценување не го дава потребниот ефект во одделенијата од вториот период (IV, V и VI). Не се уважени ни укажувањата  дека во вториот период веќе не треба да се дозволи ученик да преминува во наредното одделение ако има негативна оцена. Предметните наставници се жалат дека им доаѓаат неписмени ученици, ама системот тоа го дозволува.

Нема промена ни во планирањето на додатната и дополнителната настава, и понатаму се очекува од наставниците да направат распоред на овие часови на почетокот на учебната година, а секој што работи во настава знае дека планирањето на додатната и дополнителната настава зависи од потребите на учениците, а тие потреби се менуваат катадневно и не зависат од никаков план. Заборавивте дека работиме со жива материја? Работиме со деца!

Ќе се намалел бројот на ученици во паралелка, по весниците пишува од 20 до 24, а во законот од 20 до 30. Каде е тука промената?

Беше укажувано дека законот содржи многу прекршочни одредби за сé и сешто, дека се чуствуваме како криминалци, дека инспекциите постојано и за сé нешто само ни се закануваат со казните изразени во евра. Е па драги колешки и колеги прекршочните членови не се намалени.

Колегите од средните училишта се жалеа дека директорите имаат премногу ингеренции и неретко истите ги користат несоодветно. Ништо не е променето!

Советувањето на родителите вакво какво што е не го дава потребниот ефект а организацијата на истото е крајно комплицирано и содржи многу администрација. Ништо не е изменето!

Немало да се учи во сабота. Па сé до оваа година и не учевме во сабота. Оваа година, ова Министерство направи Календар со 4 работни саботи, поради тоа што беспотребно ја почнавме учебната година на 4 Септември, поради тоа што зимскиот распуст смислија дека е добро да се спои со Водици и веројатно затоа што 24 Мај (четврток) ќе го спојат со викендот. И сега тоа велат ќе се укине! Во законот пишува дека доколку некој ден не се одработи, истиот ќе се надополни во неработен ден. Веројатно во Недела затоа што кажаа дека Саботите ќе бидат неработни !!!????

Да набројувам уште? Прочитајте го законот и сами ќе се уверите.

преземи го Нацрт-законот за основното образование

П.С. Аааааа и најбитно сега не сме ни учители, ни наставници, ни професори сега сме  Даватели на јавни услуги во основното образование чл. 99, па таму ќе се пронајдете во која категорија припаѓате.

Тања Метикош

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s