Задачи и решенија – Дабар 2017

Колешки и колеги,

Ве советувам да си ги превземете задачите со решенијата од натпреварот „Дабар 2017“ затоа што ќе Ви бидат потребни за реализација на ТЕМА 5: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАТИЧКИ КОНЦЕПТИ ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ НА ЛОГИЧКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ЗАДАЧИ (10 часа) по предметот РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО.

Цели:

  • да се запознае со различни логички натпреварувачки задачи и начинот на нивно решавање
  • да се оспособи за самостојно решавање на логички натпреварувачки задачи
  • да се запознае со бројни информатички концепти преку анализа на поврзаноста на пример задачи со соодветните концепти

Активности и методи:

Секој час треба да се реализира преку презентирање на учениците на една или неколку задачи (пр. задачи на www.bebras.org, односно задачи од натпреварот Дабар за соодветното ниво) и нивно решавање од учениците. Потоа треба да следат објаснувања и дискусии  за постапки на решавање на зададените логички натпреварувачки задачи.

Во следниот дел од часот треба да се обрне внимание на запознавање на учениците со поврзаноста на логичките задачи со принципите, идеите и концептите во информатиката.

Ова е линкот каде што можете да го превземете прирачникот

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Advertisements

Алатка за изработување наставни листови

Ова е алатка за изработување наставни листови по македонски јазик и математика, позитивно е тоа што може да се користи македонска поддршка.

http://www.education.com/worksheet-generator/

Mојот прв – Study stack – Училишен прибор

Прекрасна апликација преку која учениците можат да учат поими, дефиниции, да решаваат задачи. Малку ќе треба да истражувате за да научите како функционира но не е тешко. Игрите се бираат на иконите кои што се прикажани на сликата.

http://www.studystack.com/crossword-1715447

Линкови за превземање од You tube

Едниот линк е за превземање видеа од YOU TUBE, може да се превземе како МP4 но и како FLV верзија која функционира на малите лаптопи  а другиот за конвертирање на видеата во MP3. Могу е погодно затоа што кога сакате нешто да презентирате нема да кочи поради слабиот интернет и што е поважно нема да се плашите од непријатноста кога изненадно снемува интернет. Лесни се за користење.

За видео – http://en.savefrom.net/1-how-to-download-youtube-video/

За MP3 –  http://www.flvto.com/

Врска

Драги колешки и колеги еве една  „НОВА“ ( барем  за мене) прекрасна страница со многу корисни  содржини и квалитетно изработени наставни листови, презентации, подготовки. Оваа страница е дело на колешката Нела Слезенкова Никовска. Колку што можев да забележам најмногу корист од неа ќе имаат колешките кои водат IV  и  V одделение. На крај морам да кажам дека се лутам на оние колешки кои знаеле за оваа страница  а тоа не го споделиле со останатите. Досега во ниедна од групите не сретнав линк од оваа страна, а верувајте секојдневно прегледувам се по ред. ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ДО КОЛЕШКАТА НЕЛА ШТО СО НАС НЕСЕБИЧНО ГО СПОДЕЛУВА СВОЕТО ЗНАЕЊЕ И СВОЈОТ ТРУД!

http://veselaucilnica.ucoz.com/index/prirachnici_za_nastavnici/0-25

https://www.facebook.com/pages/Cheerful-classroom-%D0%92%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/1389541644618786?notif_t=fbpage_fan_invite

Врска

Мојата Web страна Е-училница

Оваа веб страна ја отворив и работев со неа минатата година. Во неа ќе најдете корисни материјали за V одд