Слика

Програмирање

Screenshot_2

Advertisements
Слика

Програмски јазик – Scratch

ПUntitled

Предлог активности за согледување на концептите програма и инструкција

Линк до игра преку која учениците се воведуваат во програмирањето (кликни на сликичката)

untitled

GCompris – пакет за инсталација

Долго време се обидував да го објавам пакетот за инсталација на GCompris и на крај најдов начин (се надевам)  Предноста на пакетот е во тоа што игрите се на македонски јазик и може да се играат игрите без интернет. Повеќето од Вас го добија овој пакет на обуките и верувам дека го инсталиравте тогаш, но исто така и верувам дека и ги форматиравте малите лаптопи. Како и да е оној што има потреба може пакетот да го превземе од овој линк

https://drive.google.com/folderview?id=0B1dgPoiEqgWQSDluZWZoem1LQ0k&usp=sharing

Би замолила некоја колешка да ме извести дали може да се превзема пакетот од линкот. Благодарам!

Извршив некои измени во линкот се надевам дека сега ќе можете да го превземате. Нова сум во Google Drive па уште учам. Очекувам повторно известување од Вас, дали е сега во ред.

Mојот прв – Study stack – Училишен прибор

Прекрасна апликација преку која учениците можат да учат поими, дефиниции, да решаваат задачи. Малку ќе треба да истражувате за да научите како функционира но не е тешко. Игрите се бираат на иконите кои што се прикажани на сликата.

http://www.studystack.com/crossword-1715447

Врска

Доколку имате прожектор во училница, ова е незаменлива алатка за изучување на броевите до 100

http://www.iboard.co.uk/iwb/Interactive-Number-Square-Integers-691

G- compris – Слободен образовен софтвер

G – compris e слободен образовен софтвер наменет за деца од 2 – 10 години. Овој софтвер е многу добро познат на наставниците и истиот го користат во наставата. Линкот за  превземање е наменет за родителите со цел да им овозможат на децата во текот на летниот распуст да играат образовни компјутерски игрички  од кои ќе имаат корист. Напоменувам дека софтверот може да се првземе за Linux, Windovs или друг оперативен систем.  Доколку имате потреба можете да поставите прашања во коментари, и јас ќе се обидам да Ви помогнам доколку знам.

http://gcompris.net/index-en.html

СликаОдЕкранот

Доколку сакате да превземете верзија за компјутер со Windows оперативен систем, тогаш кликате на зборчето Windows

AРИТМЕТИЧКА ВЕЖБАНКА

Симулација која ќе го олесни совладувањето на множењето и делењето.

http://phet.colorado.edu/sims/arithmetic/arithmetic_mk.html

Hot Potatoes – Жешки компири

Hot Potatoes – Жешки компири е пакет со 6 апликации кои овозможуваат да креирате интерактивни задачи со: повеќекратен избор, испревртена реченица, крстозбор и др. Пакетот е бесплатен и можете да го превземете и инсталирате на Вашиот компјутер од овој линк

http://hotpot.uvic.ca/index.php#downloads

Напомена: Пакетот не успеав да го инсталирам во Linux но успеав во Windows, за среќа изработките функционираат во Linux што значи може да функционираат на наставничко компјутерче а на ученичките уште не е проверено.

Крстозборот изработен со оваа апликација ќе биде објавен во ФБ групите за одделенска настава.

 

 

XtraMath

http://xtramath.org/

Xtramath е бесплатна програма која им овозможува на учениците да ги совладаат математичките операции: собирање, одземање, множење и делење, до степен на автоматизација, според своите индивидуални способности.

Програмата функционира (on line) на тој начин што прво се логира наставникот, потоа го формира својот клас (ги внесува имињата на своите ученици), за секој ученик добива код за логирање.

Наставникот ја избира математичката операција која ќе ја вежбаат учениците, за секој ученик поединечно, што овозможува секој ученик да работи според неговите потреби.

Секој ученик се логира со своето корисничко име и код за прв пат, секој следен пат кога ученикот се логира на компјутер на кој веќе еднаш работел, потребно е да го внесе само корисничкото име. На почетокот секој ученик добива задачи преку кои се дијагностицира неговото предзнаење. Врз основа на тоа добива задачи за вежбање. Во текот на вежбата доколку на ученикот му треба многу време да ја реши поставената задача, му се појавува точниот одговор, истото тоа се случува и доколку неточно ја реши поставената задача. Неточно решените задачи се повторуваат повеќе пати во текот на вежбата се додека ученикот не ја меморира. На крајот од вежбата се добива статистички преглед за успешноста . Црвен икс значи неточно решена задача, зелено штиклирано дека ученикот точно ја решил задачата но му требало повеќе од 3 секунди за размислување и жолто смајли значи дека ученикот точно и брзо ја решил задачата.

Наставникот има можност да следи кога и колку често се вклучува да вежба секој ученик ( затоа што учениците може да се логираат и вежбаат од својот домашен компјутер), каков е нивниот напредок (во проценти) за секоја вежба поединечно и вкупно, како и графички приказ за секоја изработена вежба од кој може наставникот да види кои задачи ученикот ги совладал и до кој степен. На крајот кога ученикот ќе ја совлада математичката операција 100%, добива диплома која наставникот може да ја отпечати и да му ја додели.

Постои можност во програмата да се вклучат и родителите.

Како помош во вашата работа на страната во делот Learn More се поставени видеа кои многу ќе ви ја олеснат работата.

За почеток ви препорачувам да се логирате како наставник и како ученик, на тој начин најдобро ќе ги запознаете можностите на програмата.

ВИ ПОСАКУВАМ СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА СО XTRAMATH

http://xtramath.org/