Category Archives: Линк

Phet – интерактивен симулатор – дропки

Линк до  Phet – интерактивен симулатор

https://phet.colorado.edu/sims/html/fractions-intro/latest/fractions-intro_en.html

Видео со насоки за работа на симулаторот

Задачи и решенија – Дабар 2017

Колешки и колеги,

Ве советувам да си ги превземете задачите со решенијата од натпреварот „Дабар 2017“ затоа што ќе Ви бидат потребни за реализација на ТЕМА 5: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАТИЧКИ КОНЦЕПТИ ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ НА ЛОГИЧКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ЗАДАЧИ (10 часа) по предметот РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО.

Цели:

  • да се запознае со различни логички натпреварувачки задачи и начинот на нивно решавање
  • да се оспособи за самостојно решавање на логички натпреварувачки задачи
  • да се запознае со бројни информатички концепти преку анализа на поврзаноста на пример задачи со соодветните концепти

Активности и методи:

Секој час треба да се реализира преку презентирање на учениците на една или неколку задачи (пр. задачи на www.bebras.org, односно задачи од натпреварот Дабар за соодветното ниво) и нивно решавање од учениците. Потоа треба да следат објаснувања и дискусии  за постапки на решавање на зададените логички натпреварувачки задачи.

Во следниот дел од часот треба да се обрне внимание на запознавање на учениците со поврзаноста на логичките задачи со принципите, идеите и концептите во информатиката.

Ова е линкот каде што можете да го превземете прирачникот

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Македонија на Балканот

Линк од Google Earth за определување на местоположбата на Македонија во Светот, Европа и Балканот

Screenshot_1

NL Makedonija na Balkanot – наставен лист