Неофицијален календар за учебната 2018 – 2019 год.

Поради потребите на сите наставници да имаат Календар за учебната година, за да можат да ги изработат квалитетно своите планирања, а министрството не чуствува потреба навремено да го објави истиот, јас го направив овој НЕОФИЦИЈАЛЕН календар за учебната 2018 – 2019 год. Мислам дека се можни измени само на крајот на прво и почетокот на второ полугодие.

Драги колешки и колеги се надевам дека календарот ќе Ви помогне при планирањето.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!

NEOFICIJALEN KALENDAR ZA UCHEBNATA 2018 – 19 god.

Податоците за неработните денови се превземени од

153_Univerzitetski kalendar 2018-19

 

Advertisements

Подготовка РК

31.01. 2018 RK Reshavanje i analiza na reshenija na logichki zadachi – 2 chas

NL Zadachi Dabar – 2 chas

РК – подготовка

24.01. 2018 RK Reshavanje i analiza na reshenija na logichki zadachi

NL Zadachi Dabar 1. chas

dabar2017 – прирачник за наставници за оваа тема

Новата наставна програма за I одд.

Новата наставна програма за I одд. е ставена на увид и јавна расправа. Сега е време да се прочита со внимание и да се дадат сугестии за подобрување, да не биде после „НАС НИКОЈ НИШТО НЕ НÉ ПРАШУВА“

NOVO_OSNOVNO_OBRAZOVANIE_15_01_108

Задачи и решенија – Дабар 2017

Колешки и колеги,

Ве советувам да си ги превземете задачите со решенијата од натпреварот „Дабар 2017“ затоа што ќе Ви бидат потребни за реализација на ТЕМА 5: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАТИЧКИ КОНЦЕПТИ ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ НА ЛОГИЧКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ЗАДАЧИ (10 часа) по предметот РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО.

Цели:

  • да се запознае со различни логички натпреварувачки задачи и начинот на нивно решавање
  • да се оспособи за самостојно решавање на логички натпреварувачки задачи
  • да се запознае со бројни информатички концепти преку анализа на поврзаноста на пример задачи со соодветните концепти

Активности и методи:

Секој час треба да се реализира преку презентирање на учениците на една или неколку задачи (пр. задачи на www.bebras.org, односно задачи од натпреварот Дабар за соодветното ниво) и нивно решавање од учениците. Потоа треба да следат објаснувања и дискусии  за постапки на решавање на зададените логички натпреварувачки задачи.

Во следниот дел од часот треба да се обрне внимание на запознавање на учениците со поврзаноста на логичките задачи со принципите, идеите и концептите во информатиката.

Ова е линкот каде што можете да го превземете прирачникот

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Календар за учебната 2017/18 год.

Нормално, НЕОФИЦИЈАЛЕН т.е. мој!  Официјалниот ќе излезе …….. не се знае кога.

Досега се покажало дека е точен. Можете да го превземете и споделувате но Ве молам  назначете го изворот.

KALENDAR 2017 – 18 god.

Работа со компјутери и основи на програмирање за IV одд. – Содржини

Содржините за предметот Работа со компјутери и основи на програмирање IV ги објавувам на бaрање на колешка. Овие содржини се направени според програмата, некои од насловите се малку изменети со цел  да одговараат на блок часови. Според овие содржини ќе ги изработувам и објавувам дневните подготовки во текот на учебната година.

sodrzini-za-rabota-so-kompjuteri-i-osnovi-na-programiranje-iv-odd

Неофицијален – ориентационен календар за учебната 2016- 17 год.

Бидејки МОН и БРО не го објавуваат календарот за новата учебна година тогаш кога ни е потребен т.е. кога ги изработуваме нашите распореди и програми за работа, еве јас направив календар за новата учебна година. Се надевам дека ќе Ви помогне при планирањето но имајте на ум дека не е официјален затоа што немам информација за крајот на првото полугодие и почетокот на второто, но вака беше најлогично, затоа што само на овој начин има до 10 Јуни 180 работни денови. Ви посакувам успешна работа.

KALENDAR 2016 – 17 god.

Материјали од обуката Cambridge за IV и V одд.

Материјалите ќе ги најдете на овој линк

https://drive.google.com/folderview?id=0B1dgPoiEqgWQMC1vNzZOWmJBZEU&usp=sharing

Крстозбор – Латиница – вежби со буквите Ž, Z, C, Č

Krstozbor latinica – Ž, Z, C, Č – наставен лист

20.10.2015 MAK Latinica vezbi (5) – дневна подготовка

Kako se resava krstozbor – презентација

Различните уреди и ергономијата – презентација и подготовка

ергономија-постер

ERGONOMIJA

08.10.2015 RAB SO KOM razlichnite uredi i ergonomijata

Наставни содржини – Ликовно – III одд.

Содржините се формирани според целите и предложениот фонд на часови по теми во програмата за ликовно образование. Останува на Вас да го определите времето на реализација и мотивот, водејки сметка за корелацијата со другите предмети. За секоја содржина се предвидени 2 наставни часа.

NASTAVNI SODRZINI – LIKOVNO – III ODD

Наставни содржини – Работа со компјутер и основи на програмирање III одд.

Напомена: Се препорачува во распоредот да се планираат блок часови.

Nastavni sodrzini – Rabota so kompjuter i osnovi na programiranje – III odd

Работа со компјутер и основи на програмирањето

Од наредната учебна година 2015 – 16, изборниот предмет РАБОТА СО КОМПЈУТЕРИ во III одделение се заменува со задолжителен предмет РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО, кој ќе се реализира на 2 часа неделно. Планот и програмата се објавени настраната на БРО но ако сакате можете да ги превземете и овде.

Nastavna programa-Rabota so kompjuter i osnovi na programiranjeto-III odd

nastaven plan devetgodishno 2015-2016

Објавени се новите програми според Кембриџ по Математика и ПН за IV,V и VI одд.

Колешки,  Ве советувам да ги погледнете добро програмите, посебно оние што ќе треба да направат скок од  IV класично  во V по Кембриџ, имате време во ова полугодие нешто да сработите од тоа што треба учениците да го имаат како предзнаење за V по Кембриџ. На пример видов дека учениците треба да  знаат негативни броеви, мешани броеви, децимални броеви. Се со цел да не Ви се случи тоа што ни се случи на нас и на нашите ученици кога требаше да направиме огромен скок. Со среќа!

Nastavna programa-Matematika IV odd

Nastavna programa-Matematika V odd

Nastavna programa-Matematika VI odd

Nastavna programa-Prirodni nauki IV odd

Nastavna programa-Prirodni nauki V odd

Nastavna programa-Prirodni nauki VI odd

ДОЛГОРОЧНО И СРЕДНОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ ПО МАТЕМАТИКА (поправено)

Воочивме некои грешки во планирањето за второ полугодие во однос на бројот на часовите. Направени се поправки само во однос на бројот на часовите.

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO MATEMATIKA

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO MATEMATIKA

Долгорочно и среднорочно по ПН за второ полугодие

Ова планирање е превземено од колешката Билјана Илиоска од Прилеп. Од неа го превземавме и среднорочното планирање за прво полугодие затоа што навистина е квалитетно изработено со сите потребни елементи. Јас само го изменив месечното според новото упатство од БРО и го прилагодив на 37 часа затоа што според нашиот распоред имаме уште толку часови за реализирање.  Благодарност до колешката Билјана!

Dolgorocno i Srednorocno Prirodni nauki II pol

БРО објави нови упатства за ПН за второ полугодие, планирани по часови !

Upatstvo-prirodni nauki-I-2-polugodie

Upatstvo-prirodni nauki-II-2-polugodie

Upatstvo-prirodni nauki-III-2-polugodie

Upatstvo Prirodni nauki-III-vtoro polugodie-ALB

Upatstvo Prirodni nauki-II-vtoro polugodie-ALB

Upatstvo Prirodni nauki-I-vtoro polugodie-ALB

Упатство по ПН за второ полугодие

Колешки, се обидов активностите од упатството за ПН за второ полугодие да ги поделам по часови по некаква логика во која ни сама не сум сигурна. Вака поделени има активности за 34 часа, во второ полугодие има 37 часа за ПН, така да 3 часа ни остануваат за консолидација. Ве молам погледнете го и кажете го своето мислење. Последните активности од темата карпи се прецртани затоа што се повторуваат.

Upatstvo_za_rabota-Prirodni_nauki-II_oddelenie-vto (1)

Долгорочно и среднорочно планирање по математика и природни науки според Кембриџ програмите за II одд.

 

Еве ги и нашите (Актив на второ одделение при ОУ„Дане Крапчев“- Скопје) планирања по математика и природни науки за второ одделение. Планирањето по природни науки го превземавме од колешката  Билјана Илиоска од ООУ„ Рампо Левката“ од Прилеп затоа што сметаме дека е квалитетно направено и според упатството за планирање. Во оваа прилика јас и моите колешки од активот јавно и се заблагодаруваме. За планирањето по математика се изнамачивме доста, потрошивме денови и денови. Во планирањето во првото тримесечје се предвидени сите оние цели кои се потребни како предзнаење за да може да се почне со реализирањето на целите од второ одделение. Во останатите три тримесечја треба да се реализираат целите од второ одделение. За да ги постигнеме сите од секоја недела скративме по еден час и планираме целите што се предвидени за една недела да ги реализираме за 4 наместо за 5 наставни часови. Колку е квалитетно ова планирање ќе видиме кога ќе почнеме да го реализираме.

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO MATEMATIKA II odd

DOLGOROCNO I SREDNOROCNO PRIRODNI NAUKI II odd

Долгорочни и среднорочни планирања – Cambridge

Вредните колешки и колеги од Cambridge – прва  генерација ги објавија своите планирања, еве јас ги пренесувам

dolgorocno planiranje matematika za 3 odd 1

matematikaiioddbiljana-140825124957-phpapp01

srednorocno planiranje matematika za 3 odd brane

Srednorocno za prvo odd-matematika

долгорочно и среднорочно планирање-природни науки прво одд.

планирање по математика КЕМБРИЏ 1 одд