Задачи и решенија – Дабар 2017

Колешки и колеги,

Ве советувам да си ги превземете задачите со решенијата од натпреварот „Дабар 2017“ затоа што ќе Ви бидат потребни за реализација на ТЕМА 5: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАТИЧКИ КОНЦЕПТИ ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ НА ЛОГИЧКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ЗАДАЧИ (10 часа) по предметот РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО.

Цели:

  • да се запознае со различни логички натпреварувачки задачи и начинот на нивно решавање
  • да се оспособи за самостојно решавање на логички натпреварувачки задачи
  • да се запознае со бројни информатички концепти преку анализа на поврзаноста на пример задачи со соодветните концепти

Активности и методи:

Секој час треба да се реализира преку презентирање на учениците на една или неколку задачи (пр. задачи на www.bebras.org, односно задачи од натпреварот Дабар за соодветното ниво) и нивно решавање од учениците. Потоа треба да следат објаснувања и дискусии  за постапки на решавање на зададените логички натпреварувачки задачи.

Во следниот дел од часот треба да се обрне внимание на запознавање на учениците со поврзаноста на логичките задачи со принципите, идеите и концептите во информатиката.

Ова е линкот каде што можете да го превземете прирачникот

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Македонија на Балканот

Линк од Google Earth за определување на местоположбата на Македонија во Светот, Европа и Балканот

Screenshot_1

NL Makedonija na Balkanot – наставен лист

Презентации за усвојување на децималните броеви

Овие презентации ги превземав од ФБ групата „Петто одделение 2017-2018“ Авторите не ми се познати. Доколку некој си ја препознае својата презентација нека ми пише за да го ставам неговото име како автор.

decimali desettini i stotini

mesni vrednosti na decimalen broj

Decimalni broevi

Прирачник и учебник

Оваа литература е наменета за предметна настава. Прирачникот е наменет за наставниците кои го предаваат изборниот предмет „Програмирање“  а учебникот е за учениците од петто осмолетка по предметот „Информатика“. Но како што немаме никаква литература и овие можат да ни се најдат.

informatika_5_mk – учебник

programiranje- прирачник

Календар за учебната 2017/18 год.

Нормално, НЕОФИЦИЈАЛЕН т.е. мој!  Официјалниот ќе излезе …….. не се знае кога.

Досега се покажало дека е точен. Можете да го превземете и споделувате но Ве молам  назначете го изворот.

KALENDAR 2017 – 18 god.

Дневна подготовка

25.04.2017 RAB SO KOM Izrabotka ednostavni programi so kombinacii od strukturi – obrabotka

https://scratch.mit.edu/projects/156865148/     линк до мојата програма

Изработка на едноставни програми со структура на повторување – подготовка

11.04.2017 RAB SO KOM Izrabotka ednostavni programi so struktura za povtoruvanje

Struktura za povtoruvanje – презентација