Предлог активности за согледување на концептите програма и инструкција

Линк до игра преку која учениците се воведуваат во програмирањето (кликни на сликичката)

untitled

ЗАДАЧИ КЕНГУР ЗА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

3-ii-i-iii-odd3-iv-i-v-odd3-4razred20144-ii-i-iii-odd10391813_1337740649587987_3958366352754017083_n

1razred2014       2razred2014       3-4razred2014     5-6razred2014     benjamin2009-v-vi       benjamin2010-v-vi       benjamin2011-v-vi       benjamin2012-v-vi       benjamin2013-v-vi        benjamin2015-v-vi     drugi2009        drugi2010        drugi2011       drugi2013                               ecolier-2012-iii-i-iv      ecolier2009-iii-i-iv    ecolier2010-iii-i-iv    ecolier2011-iii-i-iv       ecolier2013-iii-i-iv      ecolier2015-iii-i-iv     preecolier2015-iiprvi2015

Подготовка РК

28-02-2017-rk-sproveduvanje-fiz-aktivnosti-koi-simuliraat-kompjuterski-procesi

algoritam-i-programa – презентација

raboten-list-1

Материјали од обуката за IV одд. за предметот Работа со компјутер и ….

Здружението на информатичари ги објави материјалите од обуката за IV одд  по  предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето.

Материјалите можете да ги превземете на овој линк

http://zim.mk/obuka2016/ 

Ергономија и правила за работа со компјутер – подготовка

04-10-2016-rk-ergonomija-i-pravila-za-rabota-so-kompjuter – подготовка

ergonomija – презентација

poster-ergonomija – постер

Прашалник за наставници за одделенска настава

Работа со компјутери и основи на програмирање за IV одд. – Содржини

Содржините за предметот Работа со компјутери и основи на програмирање IV ги објавувам на бaрање на колешка. Овие содржини се направени според програмата, некои од насловите се малку изменети со цел  да одговараат на блок часови. Според овие содржини ќе ги изработувам и објавувам дневните подготовки во текот на учебната година.

sodrzini-za-rabota-so-kompjuteri-i-osnovi-na-programiranje-iv-odd

Материјали од обуката за предметот Работа со компјутери и основина програмирањето за III одд.

01_voved-vo-predmetot

02_poim-za-algoritam

03_zapoznavanje-so-programiranje-preku-igra

04_zapoznavnje-so_scratchjr

Учествувајте во изработувањето на Стратегијата за образованието 2016- 2020 год!

Драги колешки и колеги!

МОН изработува Стратегија за образованието за наредниот период т.е.  за 2016 – 20120. Веќе е изработена првата работна верзија http://mon.gov.mk/images/PRVA-Rabotna-Verzija-na-Strategija-za-obrazovanie-MK.pdf .

Предлагам да ја прочитате, барем делот за основно образование  (стр. 29) и да се информирате што планира Министерството да подобрува во наредната „петолетка“.

Има и меил адреса strategija@mon.gov.mk на која можете да ги испраќате своите коментари, насоки и сугестии најдоцна до 12.09.2016 год. Еве Ви можност да ги искажете сите свои ставови и мислења. Доста со коментарите по ФБ кои си ги читаме само ние. Секој од нас треба да испрати барем еден меил во кој ќе искаже НЕ критика туку сугестија како нештото треба да се подобри. Не да кажеме што не сакаме, да кажеме што сакаме.

Јас го испратив мојот меил, еве ја неговата содржина

Почитувани!

Јас сум одделенски наставник при ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје и имам неколку предлози за подобрување на Стратегијата на образованието, во делот за основно образование, кои се надевам ќе ги земете во предвид.

Во однос на предизвиците:

– недостасуваат стандарди за излезните резултати за секое одделение поединечно а не само за циклус.

– Нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси воопшто во наставата а не само за наставата на другите јазици и предметна настава, изгледа како  за наставата на македонски јазик и одделенска настава има доволно а за останатите нема.

– Контролата на квалитетот на наставата не е соодветна, не може да се оцени квалитетот на наставникот само преку успехот на учениците и куповите планирања.

– Нема стратегија за професионален развој на наставниците, учеството во проекти не обезбедува континуиран развој на сите наставници.

Во однос на приоритетите:

– Приоритет 1 –

Особено да се обрне внимание на прилагоденоста на наставните планови и програми во однос на психофизичките способности на учениците кои зависат од нивна возраст. Учениците од одделенска настава се преоптеретени со часови, за останатите не сум компетентна но сигурно и таму има простор за размислување на оваа тема.

Сите програми треба да претрпат измени особено програмата за предметот Општество а треба и да се размисли за програмата по Македонски јазик поточно за изучувањето на „македонската латиница“ во трето одделение која не постои и не се користи нигде и уште им создава конфузија на учениците во однос на англиската латиница.

– Приоритет 3-

Подобрување на квалитетот на образованието може да се постигне и  преку специјализирање на одделенските наставници. Не може да се очекува од еден човек да биде совршен: јазичар, математичар, информатичар, музичар, ликовен уметник, тренер, природен научник итн. И да има знаења и способности за реализирање на програми од 5 одделенија. Наставниците треба да се специјализираат ако не за едно одделение тогаш барем за еден образовен циклус од три односно две години ( од I до III и од IVи V одд)

 Со почит

Тања Метикош