Одвоено

И оваа година повторно сум на почетокот, повторно пред нов предизвик. Добив првачиња со различни навики, интереси, способности, размислувања… кои треба да ги научам да ги почитуваат правилата, да ги извршуваат обврските, да бидат добри другари … да го осознаат светот. Пред мене е тешка задача но зад мене се многу години работа, многу книги прочитани, многу интернет страни отворени. И баш тие интернет страни на кои наставниците од целиот свет ги споделуваат своите идеи, своите трудови , ме поттикнаа и јас да го споделам тоа што го работам. Се надевам дека овој блог ќе им помогне и даде нови идеи на наставниците, ќе им ја приближи наставата на родителите и ќе им го направи учењето задоволство на учениците. И што е најважно се надевам дека ќе поттикнам и други наставници да го споделат своето знање.

На овој блог ќе најдете презентации, наставни листови, линкови до едукативни игри, линкови до други блогови, линкови до страници што преставуваат корисни алатки за секој наставник.
Посебна благодарност им должам на  колешките од моето училиште кои несебично ги споделуваат своите изработки со мене а некои од нив ги споделувам и јас со Вас на овој блог.

ВОВЕД

Advertisements