Упатство за родители – најава на Е-дневник

СликаОдЕкранот

Упатство за родители за најава на Е- дневник

Advertisements

Како дeцата да го засакаат читањето – превземено

Како да дeца заволe читањe.

Комуницирајте со учителите на вашето дете

Share

Сте се запрашале некогаш колку е важен вашиот однос со учителот на вашето дете за неговото успешно школување? За да полесно минувате низ школските маки, еве што би сакале учителите сите родители да знаат.

1. Не мора се‘ да биде совршено

Учителите порачуваат дека постои голема шанса родителите да стекнат впечаток дека тие не ја вршат работата на начин на кој очекувале. Можеби нема да им се допаднат некои правила, на пример количината домашни задачи. А ако не е тоа проблем, може да ги мачат некои други работи како бучните момчиња во одделението поради кои нивната мирна и повлечена ќерка не се чувствува пријатно. Сите родители се грижат поради една мала работа и очекуваат дека школската година ќе донесе многу проблеми, а поради тоа сакаат веднаш да се поправи се‘. Но, понекогаш децата мораат сами да ги решаваат своите проблеми и учителите ќе ги стават пред нови предизвици, а тогаш ќе се чувствуваат непријатно. Тоа сигурно ќе доведе до збрка во нивните мали животи, но истовремено ќе ги научи како да се соочат со проблемот и да го решат. Во вистинскиот свет тоа се секојдневни ситуации па детето некогаш и самото ќе заклучи што треба да прави или ќе му се обрати на учителот. Малите животни училишта секој ги минува на свој начин и треба да му дозволите на учителот да се снаоѓа со тоа во школо, а вие за тоа сте задолжени дома.


2. А кога е потребна ваша помош?

Можеби звучи контратидкторно, но во некои случаи учителите ќе побараат помош од родителите. Дури и најискусните учители зад кои имаат години и години работа со деца, понекогаш нема да бидат сигурни во што е проблемот, па ќе ве повикаат на разговор. Децата често кријат информации од родителите и учителите во разни ситуации па можно е во школо едно да се случува, а родителите за тоа не знаат ништо или имаат сосема друга слика. Ако на пример забележите дека вашето дете дома се однесува поинаку, а ништо не се сменило, можеби причината е во школото и секако треба да го упатите учителот во тоа. Можеби се работи само за тоа дека детето тешко ги совладува обврските, па му треба помош и поинаков распоред, а не сака да го каже тоа бидејќи се срами.

3. Сите грешат

Кога вашето дете во нешто ќе погреши, задржете ја желбата да го заштитите од последиците кои мора да ги сноси и немојте тоа да го барате од учителот. Децата се деца и малите грешки, несакани зборови или однесување се дел од секое растење. Но, кога тоа ќе се случи мораат да сносат последици за да научат животна лекција и следниот пат попаметно да ја проценат ситуацијата. Ако секогаш го браните детето пред да ја чуете другата страна, му правите огромна услуга.
4. На кој начин го фалите своето дете?

Родителите грешат кога им зборуваат на децата дека се паметни мали глави, бидејќи тогаш мислат дека нема задача која не можат точно веднаш да ја решат и престануваат да се трудат. Уште поголем проблем е кога ќе дојдат до ѕид и доживеат неуспех, па не им е јасно како тоа се случило. Учителката и едукаторка Керол Двек за „Хавингтон пост“ истакнува дека секогаш е подобро да се пофали детето за трудот кој го вложува во одредени задачи и да се нагласи дека поради тоа има добар успех во школо.

5. Проблеми со учителите

Ако имате проблем со учителите, тоа кажете им го на нив, не на детето. Учителите како сите останати, прават грешки за кои не се свесни. Поради тоа треба да им кажете ако детето е незадоволно од нешто и дирекно со нив да го решите проблемот. Во идеални услови детето може да го советувате само да разговара со учителот и да проба да го реши проблемот, но ако повторно се пожали, задачата останува на вас. Детето можеби во страв и непријатност пред поинаков вид авторитет нема да знае јасно да каже што го мачи, па ќе е потребна ваша интервенција.