Tag Archives: професионален развој

Задачи и решенија – Дабар 2017

Колешки и колеги,

Ве советувам да си ги превземете задачите со решенијата од натпреварот „Дабар 2017“ затоа што ќе Ви бидат потребни за реализација на ТЕМА 5: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАТИЧКИ КОНЦЕПТИ ПРЕКУ РЕШАВАЊЕ НА ЛОГИЧКИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ЗАДАЧИ (10 часа) по предметот РАБОТА СО КОМПЈУТЕР И ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО.

Цели:

  • да се запознае со различни логички натпреварувачки задачи и начинот на нивно решавање
  • да се оспособи за самостојно решавање на логички натпреварувачки задачи
  • да се запознае со бројни информатички концепти преку анализа на поврзаноста на пример задачи со соодветните концепти

Активности и методи:

Секој час треба да се реализира преку презентирање на учениците на една или неколку задачи (пр. задачи на www.bebras.org, односно задачи од натпреварот Дабар за соодветното ниво) и нивно решавање од учениците. Потоа треба да следат објаснувања и дискусии  за постапки на решавање на зададените логички натпреварувачки задачи.

Во следниот дел од часот треба да се обрне внимание на запознавање на учениците со поврзаноста на логичките задачи со принципите, идеите и концептите во информатиката.

Ова е линкот каде што можете да го превземете прирачникот

http://dabar2017.talent.mk/dabar2017.pdf

Прирачник и учебник

Оваа литература е наменета за предметна настава. Прирачникот е наменет за наставниците кои го предаваат изборниот предмет „Програмирање“  а учебникот е за учениците од петто осмолетка по предметот „Информатика“. Но како што немаме никаква литература и овие можат да ни се најдат.

informatika_5_mk – учебник

programiranje- прирачник

Материјали од обуката за IV одд. за предметот Работа со компјутер и ….

Здружението на информатичари ги објави материјалите од обуката за IV одд  по  предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето.

Материјалите можете да ги превземете на овој линк

http://zim.mk/obuka2016/ 

Неофицијален – ориентационен календар за учебната 2016- 17 год.

Бидејки МОН и БРО не го објавуваат календарот за новата учебна година тогаш кога ни е потребен т.е. кога ги изработуваме нашите распореди и програми за работа, еве јас направив календар за новата учебна година. Се надевам дека ќе Ви помогне при планирањето но имајте на ум дека не е официјален затоа што немам информација за крајот на првото полугодие и почетокот на второто, но вака беше најлогично, затоа што само на овој начин има до 10 Јуни 180 работни денови. Ви посакувам успешна работа.

KALENDAR 2016 – 17 god.

Материјали од обуката Cambridge за IV и V одд.

Материјалите ќе ги најдете на овој линк

https://drive.google.com/folderview?id=0B1dgPoiEqgWQMC1vNzZOWmJBZEU&usp=sharing

Прирачници за формативно оценување

Formativno_ocenuvanje_kaj_ucenicite_so_poteskotii_vo_ucenjeto-_MK

Formativno_ocenuvanje_vo_oddelenska_nastava-_MK

Formativno_ocenuvanje_kaj_ucenicite_so_poteskotii_vo_ucenjeto-_ALB

Formativno_ocenuvanje_vo_oddelenska_nastava-_ALB

ПРАВИЛНИК за основните професионални компетенции на наставниците во основните и средните училишта по подрачја

Доколку сакате да се запознаете со основните професионални компетенции кои треба да ги поседувате за да ја извршувате наставничката професија, превземете го павилникот кој е донесен и ќе се применува од наредната учебна година.

Pravilnik za osnovnite profesionalni kompetencii na nastavnicite

ИСТРАЖИ ЈА ШУМАТА ПРЕКУ ИГРА – прирачник за едукација и запознавање со македонските шуми преку игра

Предговор
Овој прирачник е наменет за сите кои работат со деца од предшколска (прикладен е и за учениците од I, II, III одд.) возраст, а сакаат да го прошират својот репертоар на активности под отворено небо. Тежиштето на овој прирачник лежи во запознавање на
различни животни средини, шума, ливада, поток, бара и преку непосредно
доживување на природата…

Istrazi ja shumata preku igra – priracnik

Веб – страница за образование

Драги колешки и колеги еве една  „НОВА“ ( барем  за мене) прекрасна страница со многу корисни  содржини и квалитетно изработени наставни листови, презентации, подготовки. Оваа страница е дело на колешката Нела Слезенкова Никовска. Колку што можев да забележам најмногу корист од неа ќе имаат колешките кои водат IV  и  V одделение. На крај морам да кажам дека се лутам на оние колешки кои знаеле за оваа страница  а тоа не го споделиле со останатите. Досега во ниедна од групите не сретнав линк од оваа страна, а верувајте секојдневно прегледувам се по ред. ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ДО КОЛЕШКАТА НЕЛА ШТО СО НАС НЕСЕБИЧНО ГО СПОДЕЛУВА СВОЕТО ЗНАЕЊЕ И СВОЈОТ ТРУД!

http://veselaucilnica.ucoz.com/index/prirachnici_za_nastavnici/0-25

https://www.facebook.com/pages/Cheerful-classroom-%D0%92%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/1389541644618786?notif_t=fbpage_fan_invite

Среднорочни планирања по математика за II полугодие

MATEMATIKA I ODD_VTORO POLUGODIE

MATEMATIKA II ODD_VTORO POLUGODIE

MATEMATIKA III ODD VTORO POLUGODIE