Описни оцени по нивоа за I квартал V одд.

OCENI po nivoa za I trimesechie V odd

Advertisements

За интерно оценување

Правилник за интерно оценување pravilnik_osnovno_1

Вака изгледа инструментот кој го приложувам заедно со ученичките трудови за интерно оценување

 sledenje-po-ucenik-2

Годишни сумативни оцени за II одд.

На барање на неколку колешки објавувам годишни сумативни оцени од моите ученици од минатата година, значи од второ одделение. Има оцена од високо, средно и ниско ниво. Имајте на ум дека ова не се чисти нивоа, ова се оцени од свидетелства на конкретни ученици, може по некој предмет да имаат ист исказ иако се во различно ниво. Се надевам дека ќе Ви помогне при оценувањето.

Godishni oceni za II odd. vo tri nivoa

РК – Сумативна описна оцена

И на крај како – така дојдовме до сумативната оцена за предметот „Работа со компјутери и основи на програмирање“ Видов објавени оцени во групата за трето одделение за кои сметам дека не се баш најдобро направени. Нема да ги анализирам целосно, само ќе кажам дека и највисокото ниво оценува само до ниво на знаење и разбирање, а највисокото ниво треба да се однесува на примена. Овој предмет не е наменет да ги научи децата само да знаат и објаснуваат, туку да применуваат  т.е. да работат со компјутери. Оцената е составена од неколку избрани конкретни цели од секое подрачје а кога се прави сумативна годишна описна оцена за определување на исходите треба да се  користат општите цели на соодветниот предмет (слика долу). И да не паметувам многу еве на крајот од оваа година со цел да го заокружам целиот процес Ви ја ставам на располагање и мојата сумативна оцена по овој предмет. Се обидов максимално да ја скратам (со оглед на тоа дека ќе треба рачно да ги препишуваме во главните книги) а сепак се да биде опфатено. Се разбира при изготвувањето ги имав во предвид моите ученици но Вие можете да ја прилагодите оцената на своите потреби.

Opisna ocena RK – tri nivoa

цели

Описни оцени за IV и V одд – високо ниво

По барање на колешка објавувам описни оцени од ученици од четврто и петто одделение, не знам колку ќе Ви бидат од корист затоа што се работени според старата програма, овие оцени се од моите ученици од минатата генерација.

Opisna ocena – visoko nivo – V odd

Opisna ocena – visoko nivo- IV odd

Описна оцена – I тромесечие – високо ниво – III одд.

Оцената е изработена според целите од програмите и реализираното, изгледа опширно но јас не можев да ја скратам повеќе а при тоа да кажам се. Во евидентниот лист ја собира со фонт 6,5. Од високото ниво според следењето на постигањата на учениците лесно може да се изведе оцена за секој ученик поединечно.

OPISNA OCENA – I tromesechie – VISOKO NIVO

Критериуми за оценување поведение

Овие критериуми ги превземав од некоја српска страна ( не се сеќавам точно од каде, бидејки беше оддамна) и ги преведов. Сметам дека се многу добри и може да се применат и кај нас. Јас ги користам.

KRITERIUMI ZA OCENUVANJE POVEDENIE

Правилник за измена и дополнување на правилникот за интерна проверка на објективноста на оценувањето на наставникот кој не се оценува со екстерно тестирање

Izmena i dopolnuvanje na pravilnikot za proverka_objektivnost_na_nastavnik_osnovnoV2