Видео

Моделирање – кукличка

Прекрасно видео кое може да се искористи во воведен дел на часот по ликовно за моделирање, со помош на ова видео ќе бидете сигурни дека децата ќе изработат тродимензионална фигура.

Видео

Еколошко видео – Ози Озон

Видео за заштита на озонската обвивка, разбирливо за учениците  од помала возраст. Синхронизирано на српски јазик.

Видео

Македонска азбука

Ова е моето прво видео што го изработив со помош на http://www.powtoon.com/. При изработката искористив само неколку алатки: внеси позадина, вметни слика, вметни текст и музика.

Видео

Зошто е функционалното знаење важно и како да им го овозможиме на нашите деца??

Како се развива мозокот? Како да им го овозможиме тоа на нашите деца прво како родители а потоа и како наставници.Која е врската помеѓу развојот на мозокот кај малите деца и нивната потреба да се вртат во круг се додека не им се сврти во главата? И кои игри го забрзуваат а кои го забавуваат развојот на децата а за тоа не сме ни свесни? Важноста на часовите по физичко, ликовно и музичко образование се сфаќа меѓу редови. Предавање на д-р Ранко Рајовиќ, директор на МЕНСА од Србија кое заслужува да се ислуша/изгледа од почеток до крај. Оној што ќе почне да го гледа сигурна сум дека нема да го исклучи на половина. Многу научни вистини кажани на разбирлив и интересен начин кој го задржува вниманието. Уживајте!

By Тања Метикош Posted in Видео